Во серија напади во Ирак денеска загинаа најмалку 12 лица, соопштија локалните власти, истакнувајќи дека станува збор за ескалација на насилство кое се заканува да прерасне во верски судар.
Најмногу жртви имаше во нападот на бомбаш-самоубиец, кој со својот автомобил удри во полициска патрола составена од курдски полицајци, усмртувајќи деветмина од нив.
Во нападот во северен Ирак, кај градот Туз Кормато, повредени се пет лица.
Во друг инцидент, од бомба подметната во минибус загинаа три, а повредени се повеќе патници, соопшти полицијата.