Во Мосул грабнати 28 турски возачи на камиони

Од:

Дваесет и осум турски возачи на камиони биле грабнати во северниот ирачки град Мосул од групата „Исламска држава во Ирак и Левантот“ (ИДИЛ), соопштија турските медиуми, цитирани од ДПА.

Германската агенција цитира високо позициониран турски претставник, кој денеска изјави дека Турција ги истражува тврдењата за грабнување на турските возачи.

Според информации на турските медиуми, возачите се земени за заложници. Тие биле грабнати додека превезувале дизел гориво од јужното турско пристаниште Искендерун за Мосул.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак