Во Москва средба Путин – Лукашенко

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва ќе се сретне со белорускиот колега Александар Лукашенко, соопшти Кремљ.

Планирано е двајцата шефови на држави да разговараат за клучните прашања во билатералните односи, можностите за промоција на Евроазиската интеграција, како и за релевантни меѓународни проблеми.

Лукашенко неодамна изјави дека Белорусија и Русија и понатаму се стратешки партнери и дека двете земји продолжуваат да одржуваат рамноправи позиции на меѓународната сцена и покрај несогласувањата во областа на економската соработка.

– Русија била и останува за нас не само стратешки партнер и сојузник туку и братска земја, посочи Лукашенко.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот