Во Мјанмар запленети над два милиона таблети екстази

Од:

Военопоморските сили на Мјанмар, минатата недела, во рибарски брод во крајбрежните води, во близина на границата со Тајланд, заплениле над два милиона таблети екстази, пренесоа американските медиуми.

Се смета дека ова е најголемиот фатен товар со стимулитивни таблети во историјата на земјата.

Уапсени се сите 15 лица, кои се наоѓале на бродот, и подоцна биле однесени на распит.

Според извештај на ОН, по завршувањето на полувековната управа на воениот режим Мјанмар стана најголемиот производител на синтетички наркотици во југоисточна Азија. Огромен дел од наркотиците се испраќаат во соседните земји од регионот.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска