Во Мјанмар почна самитот на АСЕАН

Од:

Лидерите на земјите од југоисточна Азија денеска се собраа во главниот град на Мјанмар, Најпидау, на средбата на врвот на АСЕАН, на која се очекува фокусот од разговорите да биде ставен врз економските врски и регионалните територијални спорови, соопшти ДПА.

Утврдувањето на завршните одредби за создавање економска заедница на АСЕАН до крајот на 2015 година, исто така, ќе биде на дневниот ред од  дводневната конференција.

Аналитичарите очекуваат на средбата да се разгледаат и споровите меѓу неколку земји од регионалниот блок и Кина во Јужно Кинеско Море, борбата против Исламска држава на Блискиот исток и епидемијата од ебола.

На отворањето на форумот претседателот на Мјанмар, Теин Сеин, соопшти дека на крајот од средбата ќе се донесе декларација со иднината на АСЕАН по 2015 година, пренесе ТАСС.

На крајот од идната година треба да почне со работа азискиот Заеднички пазар  и да се воведе системот за сопствена сертификација на продуктите произведени во земјите од АСЕАН, како и единствената Царинска унија, дополни ТАСС. Истовремено, со тоа ќе се создаде единствена политичка и безбедносна заедница и единствена социјално-културна заедница.

Самитот на АСЕАН денеска ќе мине со средби меѓу претседателите и премиерите на земјите од југоисточна Азија, а утре на средбата ќе се вклучат и лидерите на Кина, Индија, Јужна Кореја и Тајланд, посочуваат американските медиуми.

На самитот ќе учествуваат и американскиот претседател Барак Обама и рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

Отворен самитот на АСЕАН во услови на тензии со Мјанмар

Ана Ололовска