Во Минск уапсен Виктор Бабарико, главниот ривал на Лукашенко

Од:

Кандидатот за претседател на Белорусија и поранешен директор на Балгазпромбанк, Виктор Бабарико, е приведен денес во Минск, јавуваат локалните медиуми. Според Иван Тертел, претседател на Комитетот за државна контрола во Белорусија, банкарот и опозициски политичар Бабарико е приведен бидејќи се обидел да влијае врз сведоци и да сокрие докази.

„Бабарико беше приведен затоа што е директен организатор, водач на нелегални активности, обидувајќи се да влијае врз сведоците, криеше траги од претходни криминали и буквално следниот ден да отстрани голема сума пари од сметките кои ги контролира,“ рече Тертел.

Бабарико се смета за главен политички ривал на долговечниот белоруски претседател Александар Лукашенко, чие владеење западните земји го карактеризираат како автократско.

Според Тертел, можно е да биле поставени шеми за перење пари преку кои се канализирале големи количини на валута кон контролирани странски банки. Една од тие структури е латвиската банка АБЛВ каде според негови тврдења, повеќе од 430 милиони долари се повлечени од сметките на„ Белгазпромпбанк во последните неколку години во интерес на таа банка.

Бабарико и неговиот син Едуард утрото биле однесени во Дирекцијата за финансиски истраги на Комисијата за државна контрола. Во меѓувреме, беше извршен претрес на домот на опозицискиот политичар.

Кандидатот за претседател бил сослушан во врска со неплаќање данок и легализација на нелегално добиените приходи во рамките на истрагата за активностите на „Белгазпромбанк“. На 17 јуни сметката на Бабарико на која се собирале донации за изборите беше блокирана, а државата ги заплени парите.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Путин: Руското тактичко нуклеарно оружје е во Белорусија

Во Белорусија произведуваме лансери за „Орешник“, чекаме проектили од нашиот постар брат, вели Лукашенко

Лукашенко: Украинците нема да се согласат на прекин на огнот

Горан Наумовски

Лукашенко ги покани Трамп, Зеленски и Путин на разговори во Минск

Горан Наумовски

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата