Во Минск приведени 75 демонстранти, меѓу нив и новинари

Од:

Безбедносните сили во Минск приведоа повеќе од 70 лица, кои учествуваа во антивладините протести, објави центарот за човекови права „Весна“.

На веб-страницата на центарот е објавен список со 75 лица приведени, вклучително и новинари. Некои од нив, наводно, се веќе ослободени.

Вчера наутро, студенти од различни универзитети во Белорусија организираа протест. Безбедносните сили не го попречуваа нивниот марш низ улиците на Минск, но внимателно го следеа.

Според информациите на порталот tut.by, има притворени новинари од белоруските медиуми, на кои ќе им се суди за „учество во неовластени акции“.

Белоруските власти во неколку наврати приведуваа новинари од локални и странски медиуми кои известуваа за протестите против претседателот Александар Лукашенко. Меѓу нив беа дописниците на Ројтерс, АП, ТАСС, РИА Новости, Дојче Веле и Радио Свобода.

Некои се ослободени, а на други им е наредено да ја напуштат земјата.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина