Во Минск почна средбата на контакт групата за Украина

Од:

Во главниот град на Белорусија, Минск почна средба на контакт групата за Украина.

Во преговорите учествуваат амбасадорот на Русија во Киев, Михаил Зурабов, претставникот на ОБСЕ во Украина, поранешниот украински претседател Леонид Кучма, претставници на самопрогласените Доњецка и на Луганска република.

Според руски медиуми, на средбата ќе се разгледува прашањето за размена на заробеници.

Пред почетокот на средбата, советникот на началникот на Службата за безбедност на Украина Маркјан Лубковски изјави дека досега властите на проруските источни региони му предале на Киев 1.351 војник кои биле заробени. Лубковски додаде дека Киев се подготвува да ослободи 225 заробеници.

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa