Во минофрлачки напад убиени седуммина сунитски верници во Ирак

Од:

Во минофрлачки напад денеска во Ирак се убиени седум лица, а ранети се уште 14 сунитски верници. Нападот е изведен во градот Халис, на 80 километри северно од Багдад, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на ирачките власти.

Според полицијата, нападот бил извршен на крајот од петочната молитва, кога верниците ја напуштале сунитската џамија во градот Халис, некогашна крепост на сунитските бунтовници.

Насилството во Ирак нарасна пред утрешните провинциски избори, забележуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак