Иако американскиот претседател Трамп најави средба меѓу американската и руската делегација во Минхен, организаторите на конференцијата потврдија за Би-Би-Си дека нема руска делегација присутна во германскиот град.
Според Би-Би-Си, можно е средбата да биде планирана на друго место во градот, но претставници на конференцијата за Би-Би-Си велат дека е малку веројатно германската влада да и даде визи на руската делегација.