Во Мексико уапсен поранешен државен обвинител, обвинет за попречување на правдата при исчезнувањето на 43 студенти

Од:

Поранешниот јавен обвинител на Мексико, Хесус Муриљо, кој служеше во времето на поранешниот мексикански претседател Енрике Пења Нието, е уапсен под обвинение за присилно исчезнување, тортура и попречување на правдата при исчезнувањето на 43 студенти во 2014 година, соопштија мексиканските власти.

Канцеларијата на јавниот обвинител во соопштение објави дека федералната полиција извршила налог за апсење на Хесус М., а извор од канцеларијата потврдил за Ројтерс дека станува збор за Муриљо.

Тој служеше како јавен обвинител од 2012 до 2015 година. За тоа време, Муриљо ја надгледуваше силно критикуваната истрага за исчезнувањето на 43 студенти во 2014 година.

Меѓународните правни експерти ја критикуваа официјалната истрага, за која рекоа дека е преполна со грешки и злоупотреба, а актуелниот претседател на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, вети дека по преземањето на функцијата во 2018 година ќе расчисти што се случило во случајот со исчезнатите студенти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Серија разорни земјотреси, паника во Мексико

ВИДЕО: Мексиканец се обидел да киднапира авион и да го упати кон САД, го спречиле патниците

ДЕА: 15 милиони долари за информации што би довеле до апсење на Ел Менчо, водач на озлогласениот картел CJNG

А1он

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ