Два автомобила-бомби денеска експлодираа во третиот по големина шведски град Малме, соопшти полицијата.
Експлозиите се случија во мултиетнички кварт, каде живеат имигранти од Ирак, од Косово, од Босна и Херцеговина и од Либан.
– Во експлозиите никој не е повреден, изјави портпаролката на полицијата Линда Плејм.
Се уште никој не е уапсен поради инцидентот.
Во последните месеци во Малме се случија повеќе експлозии.