Лидерите на Велика Британија и Германија денеска изјавија дека в година ќе организираат конференција за собирање средства за Сиријците, кои се раселени или живеат во сиромаштија поради граѓанската војна во Сирија. Тие наведоа дека меѓународните донации значително се намалени.
Сирискиот конфликт предизвика најтешка бегалска криза во Европа од Втората светска војна, приближно 250.000 луѓе загинаа, а милиони лица се раселени, потсетува БТА.
Лидерите на Велика Британија, на Германија, на Норвешка и на Кувајт заедно со САД најавија дека во февруари 2016 година во Лондон ќе се одржи донаторска конференција.
– Меѓународната заедница има одговорност да им помогне на 13,5 милиони раселени луѓе во Сирија и на 4,2 милиони сириски бегалци во соседните земји и ние треба да ги зголемиме напорите, се наведува во заедничкото соопштение од самитот на Г-20 во Турција.
Обединети нации побара 8,4 милијарди долари за Сирија, но досега се донирани 3,3 милијарди долари.