Претставници на Костарика соопштија дека заплениле повеќе од пет тони кокаин, најголема таква заплена во централноамериканската држава.
Министерството за јавна безбедност на Костарика соопшти дека 5,048 килограми кокаин биле пронајдени синоќа во бродски контејнер во карипското пристаниште Моин.
Контејнерот, што наводно содржел украсни растенија, требало да се пренесе со брод до холандскиот град Ротердам. Уапсен е еден човек, 46-годишен Костариканец, соопшти Министерството.