Крајбрежната стража во Костарика запленила 2,3 тони кокаин, при претрес на брод, и го уапсила четиричлениот екипаж, соопшти денеска Министерството за безбедност на Костарика.
Крајбрежната стража го пресретнала бродот на Пацификот и во него пронашла 164 пакети со друга.
Уапсени се тројца државјани на Никарагва и еден од Костарика.