Во Колумбија запленет пола тон кокаин

Од:

Колумбијската полиција соопшти дека запленила пола тон кокаин, чија вредност на уличниот пазар би изнесувала 1,7 милиони долари, сокриен во брод Катагена, кој пренесувал тули.

Полицијата во рамките на истрагата ќе ја провери градежната фирма, чиј товар бил на бродот.

Постои сомнеж дека фирмата е основана од поединци, кои на тој начин вршеле криумчарење на наркотици. Пратката била упатена во Хондурас, а требало да заврши во САД.

Акцијата започнала откако Одделението за борба против наркотици на колумбијската полиција, во соработка со американските власти добиле дојава за сомнителна градежна фирма.

Кога го прегледале товарот на бродот, откриле дека во 13 од 15 пакети со тули, се наоѓа кокаин.
Според извештајот на Обединетите нации за трговија со дрога, поголемиот дел од запленетиот кокаин потекнува од Колумбија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда