Кинескиот парламент усвои законски измени, со кои се задолжуваат децата „често“ да ги посетуваат своите возрасни родители, а ако тоа не го прават можат да бидат судски гонети.
Со измените не е јасно прецизирано што точно се подразбира под „често“. Државните медиуми објавија дека возрасните родители кои се чувствуваат запоставени од своите деца ќе можат да покренат обвинение против нив.
Кинеските медиуми претходно објавија дека 90-годишна жена неколку години била принудена од синот да живее во кочина. Медиумите често објавуваат информации за малтретирани или запоставени родители од нивните возрасни деца, кои се обидуваат да им го земат имотот без нивно знаење.