Во Каталонија утре се одржуваат судбоносни избори

Од:

Жителите на шпанската покраина Каталонија утре одат на предвремени избори, а од резултатите зависи и прашањето за продолжување на борбата за осамостојување и стекнување независност.
Повеќе од 5,2 милиони каталонски избирачи со утрешното гласање бираат за политичката иднина како за Каталонија така и за Шпанија.

Политички аналитичари најавуваат победа на политичките партии кои заговараат независност на Каталонија и кои најавуваат одржување референдум за независност.

Премиерот на Каталонија, Артур Мас ги повика гласачите да год адат гласот за каталонската националистичка партија CIU која моментно е најсилна политичка опција во покраината, и најави почеток на процес за осамостојување во јануари идната година.

Владата во Мадрид најави тужби до Уставниот суд на Шпанија, додека Каталонците се закануваат дека ќе се обратат до меѓународни правни институции.

Со население од 7,5 милиони жители, економија вредна 200 милијарди евра, сопствена полиција, Каталонија е поголема од Белгија и побогата отколку Португалија и Андора заедно.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени