Во Калифорнија вонредна состојба поради излевање на нафта

Од:

Гувернерот на Калифорнија Едмунд Браун прогласи вонредна состојба додека специјализираните екипи се обидуваат да го спречат ширењето на нафтената дамка и да ги исчистат популарните плажи, откако поради пукнатина на нафтовод во океанот истекоа неколку илјади галони нафта.

Американската Крајбрежна стража еден ден по излевање на нафтата во близина на Санта Барбаба, северозападно од Лос Анџелес соопшти дека големината на дамката долж брегот на Тихиот Океан е 14 километри.

Гувернерот Едмунд Браун прогласи вонредна состојба во областа Санта Барбара со цел „брзо“ да бидат испратени специјализирани екипи за да ја исчистат дамката.

– Ние ќе сториме се што е неопходно за да го заштитиме калифорниското крајбрежје, истакна Браун преку соопштение.

Според официјалните податоци се излеале околу 400 илјади галони нафта, од што околу 21 илјада галони сурова нафта стигнала во океанот.

Нафтата почнала да истекува во вторникот околу пладне, но во меѓувреме е прекинат протокот на енергенсот преку оштетениот нафтовод и повеќе нема истекување.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски