Во Кабул при експлозија на бомба загинаа три лица

Од:

При експлозија на бомба подметната под автомобил утрово во Кабул загинаа три лица.

Еден од загинатите е поранешниот телевизиски водител Јами Сиаваџ, а се уште не е познат идентитетот на двајцата негови сопатници.

Досега никој не презел одговорност за нападот.

Во изминатите месеви во Авганистан е зголемено насилството. Минатата недела при напад на Универзитетот во Кабул загинаа 22 лица, а на 24 октомври при напад на друга образовна институција во главниот град на Авганистан загинаа 24 луѓе. Одговорноста за тие два напада ја презеде Исламска држава.

Нападите се интензивирани додека во Катар се водат мировни договори помеѓу авганистанската Влада и талинаците за завршување на повеќедецениската војна во Авганистан.

Би можело да ве интересира

ОН: Бројот на жртвите од самоубиствениот напад во Кабул се искачи на 43

Во напад врз џамија во Кабул загинаа најмалку 10 лица

Исламска држава презеде одговорност за нападот во Кабул

Најмалку едно лице загина при експлозија на бомба во Кабул

Најмалку 15 луѓе повредни во експлозија во Кабул

ВИДЕО: Објавена снимка од напад со дрон во Кабул во кој беа убиени 20 цивили

Катерина Ѓуровски