Во кабинетот на Ангела Меркел има тепих што го украле нацистите

Од:

Еден од теписите во службените простории на германскиот канцелар Ангела Меркел е дел од колекцијата на украдени, скапи и вредни предмети на нацистичкиот рајхмаршал Херман Геринг, објави весникот „Шпигл“.

Ваквото откритие на неделникот предизвика гневна реакција на Меркел, откако беше обелоденето дека информацијата за спорниот тепих се појави во медиумите поради грешка на нејзините советнци.

Едно истражување покажа дека околу 600 разни предмети, што се украдени од нацистите за време на освојувачките походи низ Европа во  Втората светска војна, се уште се наоѓаат во владините кацеларии, установи и музеи во Германија.

Колекцијата на Геринг, вториот човек во нацистичката хиерархија, помошник на фирерот Адолф Хитлер и командант на Военото воздухопловство, важи за најобемна и најбогата со скапоцени предметеи, изработени од дијаманти и злато, како и уметнички слики и вредни предмети, украдени од музеите во окупираните земји.

Слики од колекцијата на Геринг има во Пинакотеката во Минхен, а еден персиски ќилим се уште е во кабинетот на актуелниот германски канцелар.

Владата на Германија уште во 1966 година тврдеше дека сите украдени предмети од страна на нацистите во текот на Втората светска војна, им се вратени на вистинските сопственици.

Геринг беше заробен на крајот од Војната, додека се обидувал да побегне пред сојузничките војски. Тој беше меѓу обвинетите нацисти во судискиот процес во Нирнберг, но се самоуби во затворската ќелија испивајки отровна пилула.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите