Во Јордан нов бран сириски бегалци

Од:

Нов бран сириски бегалци се појавија на границата со Јордан, по интензивирањето на борбите во северна Сирија, изјави портпаролот на јорданската Влада, Анмар Хамуд, кој е одговорен за прашањата поврзани со сириските бегалци.

Тој прецизираше дека синоќа во Јордан влегле 2.490 Сиријци, а во земјата има вкупно 418.529 сириски бегалци.

Тој истакна дека до крајот на март бројот на сириските бегалци во Јордан може да достигне до половина милион.

Некои од бегалците се засолнуваат во јорданскот бегалски камп Заатари, во кој во моментов престојуваат над 105.700 лица, а голем број живеат во јордански семејства.

Според податоците на ОН околу 925 илјади Сиријци се принудени да ги напуштат своите домови.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад