Во Јемен загинале 90 деца

Од:

Обединетите нации соопштија дека во тек на последните две недели во судирите во Јемен загинале повеќе од 500 лица, меѓу кои 90 деца, а околу 1.700 се повредени.

Според зборовите на заменичката на генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Валери Амос, десетици илјади ги напуштиле своите домови, а дел од нив заминале во Џибути и Сомалија.

Како што пренесе „Асошиејтед прес“, таа ги повикала завојуваните страни да не ги напаѓаат болниците, училиштата, бегалските кампови и цивилната инфраструктура.

Претставник на Јемен во Фондот на ОН за деца УНИЦЕФ изразил загриженост од хуманитарна катастрофа и истакнал дека во тек на првите четири дена од воздушни операции се убиени 62 деца.

Тој проценил дека приближно една третина од борците на завојуваните страни се помлади од 18 години и дека некои од нив имаат само 13 или 14 години.

Минатата недела авијацијата на Саудиска Арабија со поддршка на Бахреин, Катар, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати започна бомбардирање на позициите на „хусите“,привзаници на движењето Ансар Алах, на јеменска територија.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида