Во Јемен убиени седуммина осомничени припадници на Ал Каеда

Од:

Во два воздушни напади во јужниот дел на Јемен загинаа седум лица осомничени дека се членови на Ал Каеда.

Нападите се изведени од јеменското воено воздухопловство. Нападнати бил две возила во предградието Махфада, во провинцијата Абјан.

Екстремистите поврзани со Ал Каеда и понатамусе активни во оваа област, во близина на градовите Зинјибар и Јар, кои со години беа под нивна контрола се додека не беа протерани во мај минатата година.

Ал Каеда ја искористи слабоста на централната власт за време на востанието, со кое, пред две години беше собрен Али Абдулах Салех и зазеде големи области во јужен и во источен Јемен.

Во Јемен е базата на Ал Каеда на Арабискиот Полуостров, група која за Вашингтон е најопасен огранок на терористичката мрежа.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен