Во Јемен убиен еден од најопасните лидери на Ал Каеда

Од:

Лидерот на Ал Каеда, Шавки ал-Бадани, кој се смета за еден од најопасните шефови на терористичката мрежа во Јемен, е убиен при воздушен напад со беспилотно летало, кое најверојатно било американско, соопшти извор на безбедносните сили.

– Шавки ал-Бадани, познат како Хавлан ал Санани или Абу Маисара ал Ханки бил убиен во еден од нападите со беспилотни летала, во кои оваа недела загинале 20 борци на Ал Каеда во провинцијата Бајда, истакна изворот.

Според него, Ал Бадани бил еден од најбараните во Јемен лидери на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров. Тој се смета за одговорен за повеќето крвави напади во земјата во последните години.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен