Во Јемен стапи во сила примирје за борба против коронавирусот

Од:

Во Јемен во сила стапи примирјето кое претходно го најави коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

Примирјето треба да помогне во борбата против ширењето на коронавирусот во оваа земја, во која досега не е забележен ниту еден случај.

Се уште не се знае дали проиранските Хути ќе ја прифатат одлуката на коалицијата, но претставникот на ова движење Мохамед Абдулсалам изјави дека неговата организација до Обединетите нации упатила прифатлив предлог што подразбира завршување на војната и „блокадата“ што му е нематната на Јемен.

Сите страни се упатени во мировниот предлог и се очекува да се одржи видео-конференциска средба на која ќе се расправа за сеопфатен прекин на огнот, што ќе вклучува и прекин на сите воздушни, копнени и поморски судири.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен