Во Јемен секој ден по 5.000 нови заболени лица од колера

Од:

Ширењето на колерата во Јемен е „неконтролирано“ и може дополнително да се влоши со пристигнување на сезоната на дождови, иако стапката на новите случаи на заболени на некои места е намалена, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Меѓународната хуманитарна организација „Оксфам“ пресметала дека бројот би можел да достигне до 600.000 случаи, што е „најголем број било кога регистриран во било која држава за само една година откако е започната евиденција“, надминувајќи ги Хаити од 2011 година.

Портпаролката на СЗО, Фадела Шаиб истакна дека се регистрирани над 1.800 смртни случаи од колера во Јемен од почетокот на епидемијата, која се појави кон крајот на април.

– Од 27 април до 19 јули регистрирани се 368.207 случаи на колера од кои 1.828 луѓе починале, додаде Шаиб.

Таа нагласи дека колера има во 21 од 23 јеменски провинции, а стапката на смртност е пет проценти.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен