Во Јемен потпишан мировен договор во присуствo на претставник на ОН

Од:

Спротивставените политички сили во Јемен потпишаа синоќа мировен договор во присуство на претставник на Обединетите нации, соопшти државната агенција Саба.

Претседателот Абдрабух Мансур Хади, претставникот на ОН Џамал Беномар и претставници на јеменските сили, учествуваа на церемонијата за потпишување на договорот за национален мир и партнерство.

Договорот во име на бунтовниците го потпишаа шефот на канцеларијата на бунтовничкиот лидер Абдулмалики ал Хути, Махди ал Машат и членот на политичката канцеларија Хусеин ал Анзи.

Би можело да ве интересира

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен