Силите на Обединти Арапски Емирати (ОАЕ) денеска во јеменскиот пристанишен град Аден ослободија британски заложник, држен од борци на Ал Каеда, соопшти британското Министерство за надворешни работи.
– Среќен сум што можам да потврдам дека силите на ОАЕ го спасиле британскиот заробеник киднапиран во Јемен, се наведува во соопштението на Шефот на британската дипломатија Филип Хамонд.
Хамонд нагласи дека ослободениот заробеник е безбеден и добро се чувствува, како и дека Британија е многу благодарна на помошта од ОАЕ.
Во соопштението не се наведува идентитетот на киднапираниот или некои други детали за спасувачката операција.