Во Јемен елиминиран лидерот на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров

Од:

Еден од водачите на терористичката група Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, Осама Хајдар е убиен при воздушен напад на САД во Јемен, објавија дел од американските медиуми.

Информацијата е потврдена од роднина на Хајдар. При нападот загинале уште неколку борци, кои се наоѓале во возилото. што било уништено при напад со беспилотно летало.

Хајдар учествувал во борбите против шиитските бунтовници Хути, а исто така и против силите на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Пентагон соопшти дека во последните денови САД извршила повеќе напади во Јемен врз позиции на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, со цел да спречат терористики напади.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен