Во Јапонија одбележана 68-та годишнина од Хирошима

Од:

Јапонија денеска одбележа 68 години откако врз Хирошима во Втората светска војна е фрлена атомска бомба.

Околу 50.000 луѓе оддадоа почит на загинатите, со минута молчење во мировниот парк во Хирошима, покрај епицентарот на атомската експлозија што се случи на 6 август 1945 година, кога загинаа 140.000 лица.

hiroshima68japan

Три дена подоцна атомската бомба е фрлена врз Нагасаки, каде загинаа уште неколку десетици илјади луѓе, што доведе до предавање на Јапонија на сојузничките сили.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе, еден од многубројните државници кои присуствуваа на церемонијата на одбележување на годишнината од трагедијата, изјави дека Јапонија, како единствена земја која доживеала нуклеарен напад, има должност да се залага за уништување на нуклеарното оружје.

hiroshima68

Тој не ја спомена дилемата со која неговата земја, сиромашна со ресурси, се соочува кога е во прашање нуклеарната енергија, ниту десетиците илјади луѓе кои се раселени поради ризикот од радиоактивно зрачење во околината на нуклеарката Фукушима, оштетена по разорниот земјотрес и цунамито во 2011 година.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови