Како последица на коронавирусот, Јапонија денеска евидентираше 415 смртни случаи, што е најмногу во таа земја за еден ден од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на јапонското Министерство за здравство.
Во Јапонија, денеска се потврдени 216.219 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е за четири отсто повеќе од една недела порано, соопшти Министерството.
Така, бројот на новозаразени се приближува до рекордното ниво од околу 260.000 случаи на дневна основа, колку што имаше во август.
Во изминатите седум дена, Јапонија имаше најголем број потврдени случаи на инфекции со Ковид-19, а земјата имаше втор најголем број смртни случаи по САД, покажуваат податоците на СЗО.
Извор: МИА