Во текот на минатата недела во Јапонија поради исклучително високите температури 7.392 луѓе се хоспитализирани поради топлотен удар и исцрпеност, што е дури за илјада повеќе од претходната недела.
Според податоци на јапонската Влада само во неделата 1.534 лица завршиле во болница. Јапонскиот Метеоролошки завод соопшти дека температурата на воздухот се искачила до 35 степени Целзиусови во 129 места.