Во израелскиот напад на градот Газа загинаа 29 лица, десетици се повредени

Од:

Во израелски напад врз куќа во населбата Дарај во градот Газа, загинаа 29 лица, а десетици луѓе се ранети, јавува палестинската агенција ВАФА.

На видеото по нападот што го објави Ал Џезира, може да се види како спасувачките тимови ги вадат телата на загинатите од бомбардираната зграда.

Во други делови на градот Газа, израелски хеликоптери нападнаа неколку куќи во населбите Зејтун, Шуџаја и Ремал, а во овие напади беа повредени десетици цивили.

Денеска израелските сили го нападнаа бегалскиот камп Ал Нусејрат во центарот на Газа, во кој беа ранети најмалку 70 лица, но не се знае дали има жртви.

Ал Џезира објави дека во нападот се ранети двајца новинари на оваа агенција, како и одреден број новинари на турскиот јавен сервис ТРТ на арапски јазик. Катарската агенција додава дека имало силен напад на северниот дел на кампот, кој бил погоден од артилериски гранати и од воздух.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа