Во израелски напад на Рафах загинаа седум лица, неколку лица се повредени

Од:

Во израелски воздушен напад врз градот Рафах, на југот на Појасот Газа, загинаа седум лица, а неколку други беа ранети.

Израелските воздухопловни сили го погодија квартот Ал-Џанин во Рафах околу 13 часот по локално време, јавува Ал Џезира.

Израел најавува копнена инвазија на Рафах, каде живеат повеќе од милион Палестинци, а меѓународните хуманитарни организации и некои светски претставници наведуваат дека тоа дополнително ќе ја искомплицира лошата хуманитарна ситуација за палестинските цивили.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, во Газа се убиени 29.606, а ранети 69.737 лица.

Бројот на загинатите на Западниот Брег достигна 406, а 4.600 луѓе се повредени. Израел објави дека 237 војници биле убиени во копнената инвазија на Појасот Газа, додека 1.139 луѓе биле убиени во нападот на Хамас на југот на земјата.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа