Во Италија можна е коалиција на Берлускони со Берсани

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска не ја исклучи можноста да биде во коалиција со неговите традиционални противници од левицата.

– Италија не може да остане вез влада, сега е време да мислат каква корист од тоа ќе има Италија, истакна Берлускони, при тоа отфрлајќи ја можноста за коалиција со центристите на Марио Монти.

Берлускони истакна дека Монти со својата „економска политика ја довел Италија во опасна ситуација“, како што е рецесија, затворање на илјада фирми и висока стапка на невработеност.

Берлускони посочи и дека не е изненаден од исходот на изборите во Италија.

Коалицијата на левиот центар „Италија заедничко богатство“ (ИБЦ) на Пјер Лујџи Берсани победи на вчерашните општи избори во Италија со освоени 29,56 отсто од гласовите, пред блокот на десницата на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони со 29,17 проценти, соопшти италијанската Централна изборна комисија по преброени 99,9 отсто од гласачките ливчиња.

Според ваквите резултати, блокот на Берсани освои 344 од 630-те места во Долниот дом на италијанскиот Праламент, Претставнилкиот дом, што и гарантира стабилно мнозинство. Блокот на Берлускони освои 126 пратенички места, пред популистичката партија на комичарот Џузепе Грило, Движење Пет Ѕвезди (МЦС) со 109 мандати и коалицијата „Со Монти за Италија“ на актуелниот премиер Марио Монти, која ќе има 46 пратеници. Останатите три мандати ги добија три помали партии.

Но, за разлика од ова, во Сенатот ИБЦ освои 104 или 105 места, па и заедно со 17-те до 20 сенатори на блокот на Монти не ќе може да го обезбеди неопходното мнозинство од 158 мандати во 315-члениот Горен дон на Парламентот. Блокот на Берлускони може да очекува меѓу 113 и 123 сенатори, а МЦС на Грило меѓу 57 и 63 мандати.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он