Во источниот дел на Медитеранот исчезнаа 70 мигранти

Од:

Вкупно 70 мигранти, кои пред четири дена со брод тргнаа од либискиот брег кон Европа, исчезнаа во источниот дел на Средоземното Море.

„Мигрантите неколку пати испратија пораки до Аларм фон“, објави на Твитер невладината организација, во која работат волонтери кои примаат телефонски повици од мигранти во неволја.

Организацијата наведе дека последниот контакт со мигрантите бил додека тие се наоѓале во територијалните води на Малта во близина на италијанските води.

Либија е главната рута за илјадници мигранти, претежно од субсахарскиот дел на Африка, кои се обидуваат да стигнат до Европа по морски пат.

Повеќе од 1.360 мигранти загинаа во Средоземното Море од почетокот на годината, соопшти Меѓународната организација за миграција.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски