Во Истанбул за месец и пол умреле 37 лица од лажен алкохол

Од:

Во Истанбул за месец и пол починале 37 лица поради консумирање несертифицирани, фалсификувани алкохолни пијалаци, а во врска со тие инциденти се приведени 36 осомничени, јавуваат денеска турските медиуми.

Поради овој проблем, инспекциските екипи годинава надгледувале 1.002 работни места, а 32 фирми се казнети со вкупно 2.662.000 турски лири (околу 72.500 евра), пишува турскиот весник „Милиџет“.

Запленети се околу 15.000 шишиња лажен алкохол.

„Покрената е истрага против 36 осомничени за можноста да снабдувале граѓани со лажен алкохол и предизвикале нивно труење, а 14 од нив се уапсени“, изјави гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Во близина на Истанбул е откриен дрон полн со експлозив

ВИДЕО: Нов инцидент со авион на Боинг, опасно слетување во Истанбул

(ВИДЕО) По експлозијата во ноќен клуб во Истанбул, се зголемува бројот на загинатите

Горан Наумовски

Убиен актер: Претепан до смрт во Истанбул

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС