Иранската полиција приведе вкупно 22 лица кои синоќа демонстрираа во Дезфул и во Јаус поради зголемувањето на цените на субвенционираните основни прехранбени производи.
Како што денеска јавија иранските државни медиуми, во Дезфул се уапсени 15, а во Јаус се приведени седум демонстранти.
Се претпоставува дека е можно зголемување на цените на маслото за јадење, пилешкото месо и јајцата дури за 300 отсто. Цените на храната на Блиски Исток се во пораст поради застојот во глобалниот синџир на снабдување и руската инвазија врз еден од водечки светски извозници на храна, Украина.
Извор: МИА