Во Иран одбележан Денот на Кудс

Од:

Илјадници Иранци денеска во Техеран го одбележаа Денот на Кудс. Демонстрантите извикуваа „Смрт на Израел“ и „Смрт на Америка“, а палеа и американски британски и израелски знамиња.

Командантот на Иранската револуционерна гарда, Хосеин Салами на собирот во Техеран, на кој присуствуваа високи ирански претставници, изјави дека Израел со своите „зли дела“ создава услови за сопствено уништување.

– Престанете со вашите лоши дела. Знаете добро дека ние сме луѓе на акција и реакција. Нашите одговори ќе бидат болни. Вие самите создавате услови за ваше уништување. Нема да ве оставиме на мир. Вие подобро од нас знаете што ќе ви се случи доколку преземете штетни дејствија. Само бидете трпеливи, истакна Салами.

Денот на Кудс беше одбележан и во други ирански градови.

Иран не ја признава државата Израел и ги поддржува Хамас и Хезболах, милитантни групи кои му се спротивставуваат, додека Техеран е најголем непријател на Блискиот Исток за Тел Авив.

Арапите и Иранците Кудс го нарекуваат Ерусалим. Иран го одбележува Денот на Кудс или Денот на Ерусалим, последниот петок од муслиманскиот свет месец Рамазан, од почетокот на Исламската револуција во 1979 година, со цел да се изрази поддршка за Палестинците и да се покаже отпор кон ционизмот и Израел.

Денот на Кудс се одржува и во неколку други земји, главно во арапскиот и муслиманскиот свет, со протести против израелската окупација на Источен Ерусалим.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он