Ирански медиуми јавија денеска дека утрово е почувствуван уште еден земјотрес со интензитет од 6,1 степен по Рихтеровата скала.
Погоден е јужниот дел од државата и притоа се повредени 58 луѓе. Најтешко е погодено селото Хаџак во јужната провинција Керман, на околу 700 километри од Техеран.
Подоцна се регистрирани уште неколку последователни потреси.