Во Ирак во изминатите десет години односно од почетокот на американската инвазија со која е соборен Садам Хуисеин загинале најмалку 112.000 цивили, покажува најновиот извештај на британската групација ИБЦ.
Во извештајот се наведува дека вкупниот број на жртви можно е да изнесува дури 174.000 луѓе, ако се бројат борците на двете завојувани страни и цивилните жртви кои се уште официјално не се потврдени.
– Тој конфликт се уште не е завршен. Тој има јасен почеток, но крајот не се гледа, се посочува во извештајот, во кој се посочува дека од 20 март 2003 година до денес во Ирак загинале од 112.017 до 122.438 цивили.
ИБЦ истакнува дека во изминатите десет години Багдад бил и останал ирачки регион со најголем број жртви, односно со 48 проценти од вкупно загинатите. Групацијата додава дека конфликтот најкрвав бил од 2006 до 2008 година.