Вооружени мажи денеска убија седум припадници на паравоени формации наречени Сахва кои се борат против припадници на Ал каеда, а еден повредија во напад на контролен пункт североисточно од Багдад.
Нападот се случил во селото Халаиват, во близина на градот Туз Курмат, околу два часот наутро по локално време, наведе полицијата.
Сахва ја сочинуваат сунити кои од 2006 година се борат заедно со американските војници против Ал каеда, меѓутоа, сунитски екстремист кои уште одржуваат врски со Ал каеда често напѓаат припадници на Сахва бидејќи ги сметаат за предавници.