Најмалку 73 лица загинаа во серијата напади ширум Ирак, а најсмртоносен беше самоубиствениот бомбашки напад врз шиитски верници во северниот дел на Багдад, во кој се убиени 49 луѓе.
Во оваа експлозија, која се случи вчера, повредени се и 75 лица.
– Напаѓач, на кого се наоѓал експлозив, се разнел на контролниот пункт за пријавување на верниците, во багдатскиот кварт Азамија, кој е главно населен со сунити – изјави портпаролот на ирачкото МВР Саад Маан.
Меѓу убиените во овој напад се наоѓаат и двајца новинари.