Во Ирак скокна бројот на заразени по посетата на папата Франциск

Од:

Во Ирак денеска, две недели по посетата на папата Франциск, која помина со собирање голем број луѓе без носење маска, се регистрирани 5.663 нови случаи на Ковид-19.

Според Министерството за здравство, вкупниот број заразени Ирачани достигна 768.352 лица и 13.827 смртни случаи.

Покрај лошиот здравствен систем, Ирак доби само 50.000 дози кинеска вакцина од компанијата „Синофарм“, непосредно пред посетата на Папата.

Багдад има план да купи 16 милиони дози вакцини против коронавирус, но Парламентот сè уште не го усвои буџетот за 2021 година.

По повод првата посета на Папата на Ирак, од 5. до 8 март, беа организирани миси во присуство на стотици луѓе кои не носеа маски, како што тоа го прават во секојдневниот живот, иако беа воведени казни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Изненадувачки потег на папата – се појави на молитва

А1он

Папата Франциск повторно на респиратор, лекарите загрижени, верниците во солзи

А1он

Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна

А1он

Папата Франциск се опоравува

А1он

Папата во критична состојба

Папата Франциск по повод 1.000 дена конфликт во Украина: Војната е секогаш пораз

А1он