Воен хеликоптер на ирачките вооружени сили се урна за време на акција за спасување на повеќе семејства од подрачје во близина на градот Кут, во јужен Ирак, кое е зафатено од поплави, јави Анадолија.
Претставник на воените сили ја потврди хеликоптерската несреќа, која се случила во областа Сејх-Сад во близина на градот Кут. Тој истакна дека несреќата се случила за време на акцијата за спасување на повеќе семејства, кои останале заробени во нивните домови поради поплавите.
Несреќата се случула, откако леталото удрило во далновод, а во неа нема настрадани. Обилните врнежи од почетокот на мај предизвикаа поплави во јужниот дел на Ирак, повеќе илјади лица се погодени, а десетици илјади хектари обработлива површина се поплавени.