Ирачките власти денеска соопштија дека разбиле ќелија на Ал Каеда, која произведувала хемиско оружје, сарин и иперит.
Во акцијата уапсени се пет членови на терористичката мрежа. Хемиското оружје било наменето за напади во Ирак, во Европа и во Северна Америка.
Военото разузнавање соопшти дека имало информација дека во Багдад постојат две лаборатории за производство на хемиско оружје и една во ирачка провинција.
Ирачката државна телевизија емитуваше кадри од мали беспилотни авиони, кои екстремистите планирале да ги користат за нападите со хемиско оружје.