Во Ирак ослободени 11 затворенички

Од:

Ирачката Влада во обид да ги смири протестите на сунитите ослободи 11 жени, кои беа уапсени под различни обвиненија.

Портпаролот на ирачкото Министерство за правда изјави дека роднините на затвореничките ќе можат да платат гаранција за нивно ослободување. Тој, исто така наведе дека 13 сунитските жени од затворот во Багдад ќе бидат префрлени во затворите во нивните родни места, каде ќе ја издржуваат казната.

Ослободувањето и преместувањето на затвореничките беше едно од основните барања на масовните демонстрации во сунитските ирачки провинции против мнозинската шиитска Влада. Демонстрантите бараа гаранции за подобри општествени услуги.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак