Ирачкиот премиер Нури ал Малики нареди одземање на лиценците на 10 сателитски телевизиски канали на територијата на земјата.
На црната листа на Малики заедно со националните канали „Багдад“, „Аш Шаркија“ и „Ел Фалуџа“ е и катарската телевизија „Ал Џезира“.
Како причина за одземањето на лиценцата се наведува „поттикнувањето кон насилство и секташтво“.
– Телевизиските канали беа предупредени дека таквата политика е недозволива, а потоа беше забрането нивно емитување на цела територија, истакна портпаролот на ирачката Влада.
Минатата недела во повеќе ирачки провинции имаше судири меѓу војската и сунитите, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе.