Индиската Национална истражна агенција денеска соопшти дека уапсила девет припадници на терористичката организација Ал Каеда, кои планирале да извршат напади врз повеќе локации, вклучително и во Њу Делхи.
Шестмина се уапсени во индиската држава Западен Бенгал, а другите тројца во државата Керала.
Националната истражна агенција, главно индиско тело за борба против тероризмот, наведе и дека уапсените биле поврзани со огранок на Ал Каеда, поддржан од Пакистан.